Мислевме дека веќе на никој на Бихаќка нема да му текне да етикетира медиуми и да се кара со нив. Ама ете се најде. Името и е Богданка Кузеска и е портпаролка на СДСМ, Јака функција, да си портпарол на четвртата партија во Македонија.Ние да се кандидираме на избори ќе имаме повеќе гласови од СДСМ. Е таа Богданка, поранешен независен новинар ,се дрзна како нејзиниот идол од Муртино да се кара со медиуми и новинари затоа што не известуваат како што сака таа и што со факти им покажуваат дека лажат. Еве на пример на Богданка не и се допаѓа тоа што објавивме дека СДСМ лаже дека во Македонија ќе дојдат мигранти од Велика Британија и оти ќе се градат кампови. Богданка им верува на таблоиди како Дејли Мејл.

Тоа е исто како на пример во Србија ваква вест да објави Скандал или Свет и сите да ја пренесат. Богданка се жали дека не сме посветувале доволно внимание на СДСМ, уште бара и да и се извиниме. Еве и се извинуваме за што сме напишале дека лажат а испаднало дека ја говориме вистината. Извинете и што не се викаме Бриф, миф, Рацин, Фронтјалн….

Извинете и што Република беше на црната листа на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев пред неколку години. Бевме опаасни по безбедноста на тогашната влада. Извинете и зa се што допрва ќе пишуваме за вас… Назад ви е зиматам кометира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.