Повеќе од 20.000 Украинци пронајдоа дом во Хрватска по почетокот на војната во Украина, меѓу нив веројатно најбогатата, но и најконтроверзната, е Тетјана Глињана.
– Окружниот суд во Шибеник го блокираше отуѓувањето на недвижен имот на украинската претприемачка Тетјана Глињан, сега 65-годишна жена која живее во Хрватска, против која украинските власти водат истрага за проневера и перење пари поврзани со продажба на храна на Министерството за одбрана на Украина по цени многу пати повисоки од пазарните, за кои јавноста дури сега дозна. Таа го купи хотелот „Крка“, симбол на економскиот и општествениот живот на Шибеник од минатиот век – пишува „Слободна Далмација“.

Која е Тетјана Глињана
Купува хотел по хотел во Хрватска, а во исто време се појавува на страниците на црната хроника.Во јануари 2024 година, некој ѝ ја „украл“ чантата со лаптоп, USB, пет мобилни телефони, лични документи, банкарски картички и торба со 16.000 евра пред нејзината куќа во Брела.
Истрагата покажа дека крадците биле работници на локална комунална компанија. Сепак, многу посериозни работи за Глињана циркулираат во медиумите во Украина со месеци. Таа е можеби најважната цел на антикорупциските тела во Киев, поради што Володимир Зеленски е жестоко критикуван во последните денови. Тој сакаше да стави шепа врз работата на оваа институција, бидејќи меѓу 31-те сегашни и поранешни пратеници кои се под истрага на антикорупциските тела се дури 15 членови на неговата партија.







Comments are closed for this post.