Адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска, со 22 години професионално искуство, моментално најпозната по тоа што е адвокат на еден од обвинетите во судскиот процес за трагедијата во Кочани, но и често остар критичар на власта, е еден од двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за нови членови на Судскиот совет.

Јошевска – Анастастовска своевремено беше и советник на корумпираното СЈО, контроверзното обвинителство чии бројни случаи завршија неславно, а го одбележаа и неколку корупциски скандали – почнувајќи од случајот „Рекет“, за кој првиот човек на ова тело – Катица Јанева, беше осудена на затвортска казна.

Како адвокат со над 20 години искуство, Сузана Јошевска – Анастасовска е и основач и партнер во адвокатска канцеларија „Станковиќ и Јошевска“ од март 2007 година.

Дипломирала на Правниот факултет “Јустинијан Први“ при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2002 година. На истиот факултет завршила и магистерски студии по кривично право.

Правосудниот испит го положила во април 2005 година.