Долга е процедурата запленетата стока од Царинската управа, гардероба,храна, обувки, да се даде во хуманитарни организации или пак на деца без родители. Директорот на Царината, Бобан Николовски во интервјуто за „Република“ објасни дека сѐ е ограничено со законски акти и дека тие не се институцијата што подарува или дава.

Секоја храна и лек што се увезува подлежи на дозволи од надлежни институции. увоз. Во сите овие случаи стоката се уништува бидејќи не е безбедна за употреба, нагласува директорот.
Ние не сме институцијата што ги подарува
За да одземеме ние чевли, патики или облека, ако се сомневаме дека стоката треба да се одземе или е брендирана, мора да ја одземеме и да ја сочуваме привремено и да ги известиме застапниците да дојдат и да видат дали стоката е фалсификат или не..Доколку е фалсификат, а имаме одобрение од нив тогаш може да се подари и донира, меѓутоа само облека и чевли.Меѓутоа мора да се тргнат и логоата и сето тоа во договор со застапниците кои ја застапуваат стоката, објаснува Николовски.







Comments are closed for this post.