Додека светот и Македонија се загрижени од новата војна во Иран, семејството Заеви немаат такви грижи. Тие решија да заминат на сафари во Кенија. Ќерката Александара и сопругата на поранешниот премиер Зорица на Инстаграм објавуваат фотографии и видеа од нивниот егзотичен одмор во Африка.

„Дали е ова реално“ пишува Александра додека околу неа шетаат тигри, слонови и лавови.

Oна што се забележува е дека Заеви одлично си поминуваат во Кенија, а нејасно е дали со сопругата и ќерката е и главата на фамилијата или можеби е во Дубаи кој е изложен на напад од Иран.