Чествувајќи го Божик ги славиме љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќната порака за вистината, за верата, за добрината, човечноста и за хуманоста е глас кој треба да го слушаме и да го пренесеме на оние после нас.Божиќ е празник на семејството, ден кога посакуваме и се молиме за добро здравје, среќа и радост, додека бадниковата вечер веќе ни донесе топлина во домовите и семејствата, исполнувајќи ги ближните со убава мисла, добрина и благослов стои во Божикната честитка на потпретседателот на Владата Љупчо Димовски.
Годинава Божиќ го празнуваме во време на големи предизвици, неизвесност, страв и човечки страдања од војни, кризи и големи социјални неправди. Овие предизвици не нè одминуваат ниту нас, но затоа нашата вера, сила и цврста волја се тие што ќе ни ја обноват надежта како што не подучува пишаниот завет.Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на немоќните и на обесхрабрените, почитувајќи го нивното достоинство со искрените заложби за социјална правда.
Затоа, да се научиме да живееме духовно, во смирение, со меѓусебна љубов и разбирање и сите обединети да ја чуваме и живееме верата, за да можеме достоинствено и со радост да живееме и да напредуваме како народ, оти само во слога и единство може да се брани и одбрани своето, достоинствено и со подигната глава. На тој начин можеме да придонесеме кон обнова на единството, на довербата и пред се на добрината меѓу луѓето во нашата Македонија.







Comments are closed for this post.