Дали некогаш сте забележале дека на обравчињата на малите бебиња, во првите неколку денови по раѓањето, нема солзи дури ни кога плачат со сета сила. Тоа е честа појава кога бебињата, иако се со сменети пелени и нахранети, сепак липаат со сета сила, но нема солзи на нивното лице .
Таквата појава е поради тоа што бебињата вообичаено се раѓаат без целосно развиени жлезди што лачат солзи. Тие жлезди целосно се развиваат по околу две недели од раѓањето, но по некогаш, тој процес може да се оддолжи и до два месеца, затоа што создавањето на жлездите за лачење солзи може да оди малку поспоро.
Тие жлезди се со облик на бадем и се наоѓаат под горните капаци, во надворешниот агол на окото и ги произведуваат солзите што го чуваат окото влажно.
Тие личат на облак што создава дожд. Солзите тогаш преминуваат преку окото при што имате дренажен систем, односно солзни канали во внатрешниот агол на окото. Колку солзи ќе се слеваат преку образот кога плачеме завииси од тоа колку е добар системот на солзните каналчиња и колку солзи создаваат солзните жлезди – објаснува педијатарот, д-р Филип Шервуд за британски „Мирор“.
Сепак, со оглед на тоа што тукушто родените бебиња немаат солзни жлезди, нема ни солзи на нивното лице во текот на првите неколку недели.
Comments are closed for this post.