Жичницата на Водно од утре ќе работи со зимско работно време што ќе важи до 1 март.  Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, односно последното возење нагоре ќе биде во 16-16:30 часот, а последното за надоле во 16:45 часот.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека и во иднина неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот кога се врши редовен сервис на објектот.

Од утре се менува и возниот ред на автобуската линија 25 која сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно. Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16:20 и 17:20 часот, односно поаѓањата во 16:40, 17:40 и 18.40 часот од Средно Водно.