По седум години од смртта на легендарната пејачка Витни Хјустон, нејзината долгогодишна пријателка Робин Крафорд ќе издаде книга со мемоари „Песна за тебе: Мојот живот со Витни Хјустон“.
Книгата ќе се најде во продажба во ноември, особено поради деталите во неа, кои ги потврдуваат шпекулациите дека двете жени биле многу повеќе од пријателки.
Според најавата Крафорд решила да ја раскаже својата животна приказна во која големо влијание имала славната пејачка. Во книгата се очекува таа да ги раскаже деталите од нивниот љубовен живот, кој со децении се држеше во тајност.
Нивното пријателство почнало во раните 80–ти години кога биле девојчиња од Ист Оринџ во Њу Џерси. Крафорд била со Витни од почетокот на нејзината кариера , како и низ ужасниот брак со Боби Браун.
Заедно работеле 15 години, колку наводно траела и новната љубовна врска , а потоа во 2000. тивко се разделиле. Дали тоа беше причината Витни да почне со зависностите, што и ја уништија кариерата и животот, нема никогаш да се дознае.
Comments are closed for this post.