Во Словенечкиот народен театар – Драма Љубљана беше поставена претставата „Мојот маж“ според расказите на Румена Бужаровска. Во согласност со здравствените протоколи, минатата недела се одржаа три претпремиери и три премиери (на 8, 9 и 10 октомври) пред публика од по 80 гледачи по претстава.
Според критиката, претставата моќно ја доловува положбата на жените соочени со специфичниот патријархат на Балканот.
Ника Корењак ја споредува македонската писателка со Симон де Бовоар, велејќи дека тоа што Бовоар го сторила за жените во светски рамки, Бужаровска го прави на Балканот.
Режијата на претставата е на словенечката режисерка и писателка Ивана Ѓилас, која заедно со преведувачката и драматуршка Ана Душа ги адаптира расказите на Бужаровска за театарската сцена.
Како коментар на реалистичните ликови во балканската средина, Ѓилас вели дека „ќе постигнеме родова еднаквост кога ќе дозволиме подеднаков број глупави жени да бидат на раководните функции што сега им се дозволени на мажите.“
Ова ќе се случи ако престанеме да бараме од жените да бидат суперхерои. А расказите во „Мојот маж“ се токму такви, вели режисерката.
Comments are closed for this post.