Ако до неодамна многу претставници на балканската естрада негуваа блиско пријателство со Боки 13, многумина од нив јавно не го споменаа, откако е уапсен поради рекетирање.
Како што е познато, меѓу останатите со него и Лепа Лукиќ беше исклучително блиска пријателка, а сега токму таа е една од ретките која се согласила да проговори за Боки 13, пишува српски „Курир“.
Јас Боки го познавам девет години. Го запознав кога давјцата учествувавме во реалното шоу, Големиот брат. Оттогаш се слушаме и гледаме понекогаш. Бев на отварањето на неговата телевизија во Македоенија, а неколку пати ми среди за тезги за Нова година. Го познавам како многу фино момче, можам да кажам се најдобро за него. Е сега што било и што направил тој за да го уапсат, немам појма – изјавила пејачката за српските медиуми.
Слушам дека некои пејачки се плашат дека тој од затвор ќе проговори, но јас немам појма што би рекол тој за нив. Вештачки се крева тензија. Искрено, за неговото апсење не знам ништо, читам по медиумите и тоа е се – заклучила Лепа.
Comments are closed for this post.