Библиотеки полни со човечки “книги” се сѐ почеста појава во светот. Претставуваат сјаен начин за надминување на предрасудите, како и за поврзување на луѓето во светот.
Живите библиотеки функционираат како и секоја „нормална“ библиотека: посетителите го разгледуваат каталогот со наслови и од библиотекарот позајмуваат книга за одредено време. По читањето, ја враќаат книгата во библиотеката и ако сакаат можат да позајмат друга книга. Основната разлика е што во „Живи библиотеки“ книгите се ЛУЃЕТО, а читањето е всушност РАЗГОВОРОТ.
Во средата, Младинскиот инфо клуб од Битола, кој е менториран од страна на МКЦ и поддржан од UNDP го организираше овој настан во дворот на ФИКТ во Битола.
Луѓе-книги беа Марјан Бакревски – музичар во светот на крафт пивата, Горан Панкерот-антрополог во светот на мобилни телефони, Теона Манго – од свет на дипломатија на Квин Мери Универзитет во Лондон до еко платформа за будење на навиките за одржлив живот, Мартин -Улаф Сте, еден од основачите на првото знаковно кафуле во Битола, Јасмина 3/4 – од свет на економија во свет на дизајн, Милан Петровски Game Developer и креатор на првата македонска игра во виртуелна реалност. За одличните “книги” да станат волшебни се погрижи DJ Chiko кој приреди лајф сет на македонска музика издадена на винили.
Основната цел на „Живи библиотеки“ е да креира простор за конструктивен личен дијалог помеѓу луѓето кои во нормални околности немаат можност да зборуваат помеѓу себе. Ова беше одлична можност од прва рака младите луѓе да добијат информации за кариерниот раст и развој на личности кои имаат интересни приказни да раскажат. Можност да добиете јасна слика за некои професии како би ви го олеснале процесот на креирање на Вашиот индивидуален план за кариера.
Comments are closed for this post.