Во берберницата што се наоѓа на една мала улица во Ханој, муштеријата Ле Пук Хаи трпеливо чека да дојде на ред за да ја бојоса косата – тој сака природната црна боја да ја префарба во златна како американскиот претседател Доналд Трамп.
Во столчето зад него, пак, 9-годишниот То Гиа Хуј чека да биде преправен во севернкорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
„Многу ми велат дека личам на Ким Јонг Ун, особено откако ја сменив фризурата“, вели Хуј, со прекар „Они“ зашто личи на лидерот Ким.
Деветгодишниот „Они“ вели дека со нетрпение го очекува денот кога севернокорејскиот лидер ќе дојде во Виетнам наредната недела, кога е вториот самит меѓу Трамп и Ким.
И, како што доаѓа денот на самитот така во Ханој расте треската поврзана со двајцата лидери, а берберницата совршено се вклопила во модните трендови на Виетнамците.
Comments are closed for this post.