Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ најде време да се одмори од обврските и да се опушти на приватна прослава кај Сињ.
Милановиќ е снимен како се забавува, гласно пее и танцува на приватна забава во родниот град Главица.
Според хрватските медиуми, Милановиќ бил снимен на роденденската забава на неговиот братучед Анте, попознат како Брко, кој пее популарни песни.
Во еден момент расположениот Милановиќ му пришол на својот братучед кој го прославувал 50-тиот роденден, го прегрнал и продолжил да се забавува со музика.
Comments are closed for this post.