Зимските слави наголемо се во тек.Има и такви кои ја слават славата во најтесниот круг на семејството, но се трудат трпезата да биде разновидна.Сите знаеме што значат славеничките обичаи, но и тие се менуваат како што поминува времето.
Сепак, некои работи како сечење колачи и сервирање пченица преживеале до ден-денес, .
Секој од нас треба да го знае славеничкиот бонтон кој се заснова на обичаите но и на однесувањето на гостите.
Повик за слава
Порано пред прославата секогаш се канувале гости, а за тоа бил задолжен еден од помладите членови на домаќинството. Денеска поканата на гостите е слободен избор на домаќинот, најчесто круг на луѓе кои редовно си одат на забави и секоја година го разубавуваат тој празничен ден.
Почит кон домаќинот
Гостите треба да го почитуваат домаќинот, да му се заблагодарат на поканата, да пристигнат навреме и со убави желби да му го честитаат празникот. По послужувањето на пченицата, гостинот треба да ги поздрави другите гости и да седне на масата поставена од домаќинот.
Подароци
Најчесто се носи букет или шише пијалок за домаќинот. Некои носат и украсни ситници, како свеќи, чинии или фигури.Исто изберете чаши за вино, жестоки пијалаци или комплет шолји за кафе.
Comments are closed for this post.