На фотографијата се гледа како децата бегаат од запалениот бегалски камп Морија на островот Лезбос. Направена е од грчки фотограф.
Фотографијата на Ангелос Цорцинис ја доловува храброста, запрепастеноста и несебичноста на децата во услови на огромна опасност и нужда во една потресна слика, ја образложи својата одлука Фондот за деца на ОН. За Елке Буденбедер, поктовителката на УНИЦЕФ Германија, фотографијата направена на островот Лезбос е „итна опомена“. Таа раскажува за драмата веднаш на нашиот праг. „Фотографијата нè соочува со нашата човечка должност: Ние во Европа конечно мора да најдеме одговор – исто така и за децата на Морија. Мора заеднички да сториме повеќе за да внесеме надеж во нивните животи”, побара сопругата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер .
На почетокот на септември се избувна катастрофален пожар во најголемиот бегалски камп на Егејот. Кампот Морија беше речиси целосно уништен. Илјадници жители беа префрлени во друг камп на Лезбос.
извор: Дојче веле.
Comments are closed for this post.