Најавените врнежи од дожд, кои се очекуваат од попладне, може да предизвикаат слевање на вода низ градските улици. Локално на некои места можно е и брзо зголемување на водостојот на помалите реки и соводолици, но нема опасност од излевање на поголемите реки, иако кај дел од нив можно е да се зголеми значително водостојот, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата, од попладне се очекуваат врнежи од дожд кои ќе започнат од западните делови, а во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата. Во северозападните делови, врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Променливото време проследено со врнежи ќе трае до сабота од кога се очекува повторно период на претежно стабилно и суво време при што реките ќе бележат опаѓање на нивниот водостој.
Comments are closed for this post.