Цеца Ражнатовиќ не сака да се сеќава на 2000 година кога го загуби сопругот, но сака да ја заборави и 2003 година кога по операцијата Сабја заврши во затвор.
Taa проговори за затворските денови.
Поминав четири месеци во ќелија од два на два метри во нехумани услови. Од моментот кога ме уапсија до средината на мај, смрзнав во ќелијата, ми замрзнаа коските! Поминав триесет дена во самица и немав контакт со никого, дури ни со адвокати. Подоцна имав еден или двајца цимери во ќелијата. За мене беше страшно да се разделам од моите деца, а не можев ни да размислувам низ што минува моето семејство. Од друга страна, исто така ми беше важно како медиумите ќе го претстават моето апсење-објасни Цеца
Comments are closed for this post.