Tретото издание на Грчкиот филмски фестивал, кој оваа година согласно сеуште актуелните пандемиски услови, а заради целосна извесност при реализацијата ќе се одржи во телевизиски формат, со емитување на целата фестивалска содржина на националната телевизија АЛФА.
Посебно сме горди на овој проект, кој е создаден и изграден од чиста верба во уметноста, во луѓето, во моќта на филмската уметност да го поттикнува и потхранува дијалогот помеѓу културите и народите и луѓето генeрално – велат организаторите.
Ја подаруваме оваа можност пред се на македонската публика да ја запознае поблиску грчката филмска уметност, но и грчката култура воопшто, но во исто време се надеваме дека ова ќе биде поттик и за другата страна да овозможи на грчката јавност и публика подлабоко и подетално да ја запознае македонската кинематографија и култура.
Програмата на фестивалот е составена од 6 долгомeртажни играни и документарни филмови.
Како и да звучи, јас се чувствувам среќен што успеав да го иницирам и заедно со мојот тим да го реализираме овој фестивал и тоа по трет пат.“ – вели креаторот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, кој е воедно и директор на веќе познатиот и етаблиран Меѓународен филмски фестивал КИНЕНОВА.
Програмата е исклучително репрезентативна и разнолика и вклучува филмови од повеќе различни генерации на грчки режисери, меѓу кои и прославените и веќе легендарни грчки режисери со светска слава: Динос Димопулос и Јоргос Лантимос.
Преку двата филма на режисерот Димопулос всушност ќе биде претставена и таканаречената златна ера во грчката кинематографија која се случува во 60-тите години на минатиот век.
Ексклузивно за првпат пред македонската јавност ќе биде прикажан и првиот филм на веќе светски прославениот грчки режисер Јоргос Лантимос, “Мојот најдобар пријател“. Во склоп на програмата ќе бидат прикажани и одлични филмови од најновата грчка филмска продукција меѓу кои и документарниот филм “Човек делфин“
Фестивалот е организиран од Здружението АРТ СИНЕМА Скопје и Филмскиот фестивал КИНЕНОВА.
Comments are closed for this post.