Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ за првпат ќе го одржи својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, без публика, поради пандемијата на Ковид-19. Со овој омилен празничен настан за светската публика ќе раководи славниот италијански диригент Рикардо Мути.
Мути кој 50 години соработува со Виенската филхармонија и на Новогодишниот концерт веќе диригирал пет пати во: 1993, 1997, 2000, 2004 и 2018 година.
Новогодишниот концерт во 2021 година ќе се пренесува во над 90 држави и ќе го следи милионска публика ширум светот.
Comments are closed for this post.