Актерката Тифани Смит на својот инстаграм профил го објави првиот трејлер од новиот филм посветен на љубовната приказна на принцот Хари и американската актерка Меган Маркел, насловен како „Harry & Meghan: Becoming Royal“, пишува шпанското издание „Ола“.
Ова ќе биде втор филм за кралската двојка, а главната улога и е доделена на „двојничката“ на Меган, 36-годишната американската катерка Смит. Режисер е Менхај Худа, а телевизиската премиера треба да се одржи на 27 мај, само неколку дена по првата годишнина од свадбата на Хари и Меган.
Comments are closed for this post.