Интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје, во рамките на својата програма за 2021 година, отвори повик за учество на млади кореографи (до 35 години ) чии претстави можат да бидат вклучени во годинечната програмата на фестивалот.
Фестивалската програма е предвидено да се одржи од 01 до 06 јуни, на повеќе отворени сцени низ градот, а учеството на компании од странство е веќе потврдено.
„Танц Фест Скопје продолжува со својата заложба за создавање и промоција на современата танцова сцена кај нас, поддршка на млади автори и нивна афирмација во земјава и странство. Фестивалот, и покрај ситуацијата во која се наоѓаме со пандемијата, успеа минатата година да ја оствари својата програма во живо и да презентира петнаесетина кореографии на отворена сцена, со што даде свој придонес во одржување на изведувачките уметности во центарот на вниманието. Дирекцијата на фестивалот сака и годинава да даде свој придонес со одржувањето на фестивалската програма и презентација на странски компании и уметници, но и презентација на македонски креативци, со што ќе им помогне на младите креативни сили да се изразат и опстојат во овие специфични услови во кои се наоѓаме“, велат од фестивалот.
И годинава, фестивалската програма покрај изведбите во живо, ќе може да се проследи онлајн.
Повикот за млади кореографи е отворен до 27 април 2021 до 16ч. Тој може да се најде на следниот ЛИНК.
Comments are closed for this post.