Стриптизетката која била инспирација за филмот „Измамничките од Волстрит“, ќе ја тужи Џенифер Лопез и другите продуценти оти „не добила праведна финансиска компензација“.
Саманта Барбаш вели дека улогата на Рамоун, којашто Лопез ја толкува во филмот, е доследно пресликана приказна на нејзиниот живот и таа има право на поголема надокнада.
Стриптизетата пред две години ја призна вината и водечката улога во криминалната женска група, којашто дрогирала и ограбувала богати машки клиенти од Њујорк. Според нејзината приказна е направен и филмот кој деновиве е доста актуелен и популарен, а во којшто глумат Џеј Ло, Констанс Вај и Карди Би.
Џенифер Лопез ја глуми главната улога и е продуцент на филмот.
Comments are closed for this post.