Стопирана е исплатата на проектите од културата за 2020 година, одлучи Владата на седница и го задолжи Министерството за култура да викне Финансиска инспекција.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за вкупните неисплатени обврски на Министерството за култура за проектите избрани на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година и го задолжи Министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства, стои во одлуката по седницата.

Владата го задолжила Министерството за финансии преку Секторот за финансиска инспекција да изврши контрола во Министерството за култура кое доби обврска по извршените финансиски контроли да ја информира Владата.

Станува збор за проекти од Годишната програма за проекти од јавен интерес во културата која беше донесена во мандатот на претходниот министер за култура Хусни Исмаили.

 

извор: СДК.мк