Стефан Ѓуриќ Раста, популарен рапер од Србија, беше уапсен синоќа во Охрид поради поседување марихуана. Инцидентот се случил пред хотелот, непосредно пред неговиот закажан настап на стадионот. По неговото апсење, полицијата ја претресла и неговата хотелска соба, а случајот сега е во рацете на македонското обвинителство.
– На 03.08.2025 година, во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при Одделот за внатрешни работи во Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претресот била пронајдена и конфискувана опојната дрога марихуана. Осомничениот е приведен во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во официјалното соопштение.
Comments are closed for this post.