Популарниот и контроверзен актер Чарли Шин вчера го прослави својот 54 роденден, a неговиот живот беше во центарот на јавноста од 1980-тите. Чарли некогаш беше најплатениот актер, особено во улогата на Чарли Харпер во серијалот „Два и пол мажи“, со кој заработуваше над 1 милион долари по епизода.
Неговата кариера ја одбележаа скандали, тој зборуваше отворено за потрошувачката на недозволени супстанции, но и за користењето на услугите на проститутки за кои даваше големи суми пари.
Се добива впечаток дека актерот имал различни фази во животот од „блудник“ до поборник за здраво живеење. Во 2015 година, неговиот животен стил го натера да се зарази со ХИВ, што му го пренесоа трансродови проститутки. Една жена дури го тужела Чарли за пренесување на болеста.
Бидејќи неговата зависност ги изнервирала родителите, тие го натерале да се приклучи на програмата за рехабилитација и, како што се шпекулира, веќе некое време бил трезен и без порок.
Се чувствувам одлично. Не беше лесно, но успеав да излезам од сето тоа. И тука сум, и сега го направив тоа “, рече Чарли на почетокот на годината.
Љубовниот живот на актерот исто така беше бурен. Се шпекулира дека тој спиел со 5.000 жени, од кои со три има деца. Причината за намалувањето на неговото богатство е тоа што тој плаќа алиментација која изнесува околу 3 милиони долари годишно.
Серијата „Два и пол мажи“, која го прослави , беше најголем извор на неговите приходи, но подоцна го замени актерот Ештон Куч, затоа Шин бил доста каприциозен и барал повеќе приходи по епизода.
Comments are closed for this post.