Актерката Шенон Доерти почина во саботата на 54-годишна возраст по храбра деветгодишна битка со ракот. Нејзиниот брак со професионалниот фотограф Курт Исваиренко се распадна во 2023 година, откако тој беше обвинет за прељуба со неговиот агент.
– Додека не можев да работам, медицинските трошоци кои не беа покриени со осигурување се натрупуваа, а Курт постојано леташе, трошеше илјадници долари на одморалишта, златарници, купувајќи брендови како Гучи и трошеше пари за летовите на неговиот „агент“, додека во исто време тврдеше дека нема доволно средства да ме издржува – тврди Шенон
Знаела дека има љубовник со години
Шенон опишала како открила дека нејзиниот сопруг имал афера додека таа чекала операција за тумор на мозокот.
– Отидов кај тој лекар рано наутро, откако дознав дека мојот брак во основа е завршен, дека мојот сопруг имал афера две години. Да не одам на таа операција… иако многу јасно сакаше да одам… Не можев да одам со него, тој ме изневери – истакна таа.
Comments are closed for this post.