Сезоната на вируси е пред нас па затоа сите посегнуваме по разни напитоци кои треба да не одбранат.Со овој напиток сигурно нема да настинете.

За состојки ви треба корен од ѓумбир, 3-4 каранфилчиња, цимет, лимон, мед и 400 милилитри вода.

За да го припремите потребно е да го изрендате ѓумбирот и заедно со каранфилчињата да го ставите во ладна вода.Ставете да се вари десетина минути.Откако ќе отстои додадете мед и малку лимон. Пијте го топло.