Во Турскиот театар вечер во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска – Попова и според текстови на П.Квилтер, Н.Мартин, Џ.Коган, Б.Крајчевска, Д.Милошевска – Попова.
Автор и драматург на претставата е Билјана Крајчевска, сценографија е на Татјана Блажевска – Христоска, костимографијата на Розе Трајческа – Ристевска, кореограф е Игор Киров, композитор е Ирена Поповиќ – Драговиќ, вокоал – коуч е Гонца Богоромова Краповски, корепетитор Зоран Станишиќ и во превод на Билге Емин.
Во оваа претстава играат: Бедија Беговска во улогата на Флоренс Фостер Џенкинс, Џенап Самет – нараторот Ерл Вилсон, новинар и музички критичар, Артуро Тосканини, Карло Едвардс и Доктор Херман, Селпин Керим – Сент Клер Бејфилд (сопругот на Флоренс, нејзин менаџер и актер), Јеткин Сезаир – Козме Мекмун (пијанист и корепетитор на Флоренс) и Ебру Мусли – Кетрин Ведерли ( актерка – девојка на Бејфилд, Лили Понс – оперска пејачка и Девојката од публиката).
Comments are closed for this post.