Во Скопје за прв пат ќе се организира Парада за миленичиња, која е закажана за 13. октомври во период од 13.00 до 22:30 часот.
Првата Шепологија е под мотото „Дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори“, а сето ова е поради тоа што „Шепологијата“ е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието во 13.00 часот со парадирање до Градскиот Парк, каде пак пред Школка ќе се случува музички хепенинг (DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park, DJ Set C2 Brothers, Ване Маркоски, Skopje Drumline, Беатрикс, Aгенција Моделс ИН, Ресторан Маркт, Крем Кафе, Веган 365) кој ќе трае до 22.30 часот.
Да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблест и хуман“ – порачуваат организаторите.
Comments are closed for this post.