Ако некогаш сте биле љубоморни на изгледот на Емили Ратајковски и на нејзините стомачни мускули, можеби ќе ви биде уште полошо кога ќе дознаете дека таа за тоа може да и биде благодарна на генетиката.
„Не сум таа што вежба“, признава Ратајковски. „Немам личен тренер, не одам често во спортска сала“, истакнува таа.
Сепак топ моделот си има своја здрава диета.
Па, што јаде во текот на денот Емили?
За добро утро – црно кафе без шекер и путер со крцкаво лепче. За ручек сендвич или салата.
„Доколку имам работа, ќе јадам нешто од бифето, но не губам контрола“, вели таа.
Но, едно е сигурно – Емили Ратајковски не е вегетаријанка.
„Сакам месо. Имам недостиг од железо, па така дефинитивно не сум личност која често ќе ја гледате како јаде салата. Внимавам да јадам избалансирано, така што ќе имам енергија и ќе останам здрава“, вели 27-годишната супер популарна ѕвезда.
Речиси никогаш Ратајковски не јаде дома. „Вечерата за мене е социјален момент, се дружам со тие што ги сакам“, вели таа. Но, истакнува Ратајковски:„не сум толку ригорозна кон себе, понекогаш знам да изедам чоколаден колач, чипс, или наутро кроасан…мислам дека е важно да си дадеш себе си пауза“.
Апсолутно согласни!
Comments are closed for this post.