Локалитетот каде што можеби се напишани азбуки, односно првата словенска азбука глаголица од страна на Кирил годинава ќе почека за истражување. Археолозите лани за првпат по 40 години влегоа во него, а во јуни годинава ќе бараат средства за конзервација. Истражен е катедралниот храм, пронајдени се и гробници и новите докази, кои потврдуваат дека овој простор бил епископски центар. Ова оди и во прилог на тезата дека овде Методиј бил епископ, а неговиот брат Кирил ја напишал глаголицата.
Откриени се четири цркви и уникатна петокорабна катедрала чија изградба се лоцира во периодот од 4-ти до 10-и век се претпоставува дека тука се наоѓал градот Равен. Локалитетот се протега на осум хектари и се уште не е истражен. Тешко оди одржувањето, а пред да се мапира и да се понуди за посета на туристите, мора најпрвин да се истражи.
Бедемите на локалитетот биле видливи до Првата светска војна. Академик, Блага Алексова го открива локалитетот и по истражувањето тврдеше дека овде бил обновен градот Равен. Катедралниот храм бил изграден за моштите и реликвиите на петнаесетте тивериаполски маченици, со што била поставена основата на првата црковно-словенска организација на Балканот.
Comments are closed for this post.