Сребрено шише за бренди коe му припаѓалo на патник од прва класа на Титаник е продаденo на аукција за 76.000 фунти (88.000 евра).

Сопственикот го добил шишето непосредно пред да загине кога бродот почнал да тоне. Додека бродот тонел, Хелен Черчил Канди му дала на Едвард Кент шише на кое е изгравирано мотото на нејзината фамилија „верни, но несреќни”.

Канди преживеала, а Кент загинал заедно со повеќе од 1.500 патници. Шишето е пронајдено во исто време кога и неговото тело. Сребреното шише е опишано како еден од најсилните тридимензионални предмети од Титаник понудени на која било аукција.