Откако во февруари годинава, олимписката победничка во спуст од Олимписките игри во Ванкувер во 2010 година, Линдзи Вон објави дека ја завршува својата кариера, нејзините фанови останаа разочарани. Но, на нивна радост, Вон не мисли да се крие од медиумите.
Тоа го докажа и со најновата фотосесија за престижното издание на „Спортс илустрејтид“, што не смее да се пропушти. Фотографиите се направени на мал приватен остров во Порторико, а поранешната ски-ѕвезда е заслепувачка.
Вон менува неколку костими за капење и секој од нив и го отсликува телото, извајано од долгогодишното тренирање и успешните натпревари на зимските терени.
Ова е трета сесија на Вон за истото списание. Нејзиното деби беше во 2010 година во прекрасна снежна идила, а втората беше во 2016 година.
Comments are closed for this post.