Во градот Батуми во Грузија се наоѓаат две статуи. Високи се околу 8 метри и секој ден во 19 часот се движат.
Статуите се доближуваат, се гушкаат и на крајот заминуваат во спротивни насоки. Сето тоа трае околу 10 минути. Статуите ги направи уметницата Тамара Квеситаѕе. Дизајнирани се во 2007 година, а поставени во 2010 година. Познати се под името „Али и Нино”, а зад нив стои трагична љубовна приказна.
Приказната настанала врз темелот на новела на азербејџанскиот автор Курбан Саид, но се претпоставува дека тоа е само псевдоним и дека вистинскиот идентитет на авторот и натаму не се знае.
Али е муслиманско момче, а Нино грузиска принцеза. Тоа била голема љубов одбележана со верски разлики која на крајот завршила несреќно.
Comments are closed for this post.