Роко, преубавото куче доберман старо 7 години умира од тага – буквално. Срцето му е скршено откако починал неговиот сопственик.
Британските медиуми пишуваат дека среќниот живот на доберманот завршил во моментот кога почнал неговиот сопственик и од тогаш тој е анксиозен, повлечен во себе, буквално несреќен. Сега живее во прифатилиште за кучиња, каде му се направени прегледи и притоа е констатирано дека срцето му ослабнато толку многу што може да почине.
Спасувачите на кучиња денес објавиле апел со кој бараат итно да се јави некој кој би сакал да го чува Роко, со што евентуално би се ублажила тагата и би се спасил животот на доберманот.
Соседите раскажаа дека една вечер слушнале како Роко долго и гласно лаел. Тие дошле да видат што се случува, при што нивниот сосед го нашле во многу тешка здравствена состојба. Неколку дена додека тој бил во болница соседите за грижеле за кучето. Но, маките на Роко почнале откако сопственикот починал, а кучето било буквално скршено од тага.
Comments are closed for this post.