На 4 декември во Белград ќе има премиера на филмот „Враќање на Жикината династија“. Овој серијал обележа детство на многумина од постарата генерација.

Од старите ликови се враќаат Боба (Владимир Петровиќ), Елза (Весна Чипчиќ) и Наташа (Гала Виденовиќ). Во филмот ќе видиме исклучителна актерска екипа, составена од Јово Макшиќ, Младен Совиљ, Срѓан Тимаров, Миона Марковиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Милена Предиќ, Тамара Радовановиќ, Љиљана Стјепановиќ, Мина Ненадовиќ, во улогата на младиот Николиќ, Катарина Венел и многу други. Жика и Гаврило Иванковиќ во улогата на Милан. Се издвојува Данијела Димитровска, позната манекенка, која игра една од главните улоги, а специјална гостинка е популарната Махрина.