Една од најубвите жени на светот, Бразилката Адријана Лима предизвика хаос на социјалните слики. На фотографиите атрактивната Лима е гола, но сето ова го направила во хуманитарни цели.
Поранешниот ангел на Виксторија Сикрет, убавата Адријана на секоја ваша донација ќе даде своја и воедно ќе „чести“ со гола фотографија.
Адријана Лима објави две фотографии од книгата „ Angels Limited Edition”,која ќе се продава на уметничкиот саем во Бразил, а целиот приход од продажбата на книгата ќе биде пренасочен на организацијата „Ealliance.org/amazonfund“.
Амазонската шума е зафатена од катастрофални пожари поради што дел од светскиот џет сет веќе започна да се организира и да собира средства за спас на „белите дробови на светот“. Меѓу првите кој се вклучи во оваа хумана мисија е холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо, кој ќе донира 5 милиони долари за санирање на штетите по катастрофалните пожари во Амазонија.
Бразилската убавица својата објава ја проследи со линкови на кој може да се види начинот на кој светот може да помогне во санацијата на катастрофата. Но, Лима вети дека и самата покрај продажбата на книгата ќе уплати свои средства „поради тоа што причината е многу сериозна“.
Comments are closed for this post.