Маша е малада пејачна на македонската музичка сцена. Таа е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја и неодамна сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, односно текст на Огнен Неделковски, а пак аранжманот и миксот се дело на Лазар Цветковски.
Несомнено одлична екипа за „влез“ на македонската музичка сцена, а дека е задоволна од новата песна потврди и лично Маша…
Многу сум задоволна од тоа како звучи песната. Искрена да бидам, јас не ги познавам многу луѓето кои работаат музика во Македонија, но по консултација со неколку мои блиски пријатели, решив да изберам да работам со оваа екипа. Исто така не смеам да го заборавам и режисерот, Даниел Јовески, кој направи одличен видеоспот, вели таа.
На прашањето зошто пее на македонски јазик, а не на руски? Маша вели:
Јас тука живеам, тука се образувам, го научив одлично македонскиот јазик и немав дилеми за тоа дали да пеам на руски или на македонски – вели накусо Маша. Инаку ова е само почеток. Маша планира да биде доста продуктивна кога е во прашање создавањето на новa музика и тоа се разбира, на македонски јазик…
Comments are closed for this post.