Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит Макрон, гостува во епизода на мини серијата „Соблекувална“ која ќе биде емитувана утре на телевизијата „Франс 2“. Првата дама на Франција се појавува во епизода за пливачки клуб од Марсеј.
„Дознавме дека ја сака серијата и поради тоа ја поканивме да игра во неа“, рекол авторот на серијата и еден од актерите Ада Абдели.
Брижит Макрон во епизодата ќе влезе во соблекувална во која ќе разговара со пливачите. Во серијата ќе го носи синиот елегантен комплет кој го носеше на инаугурацијата на Макрон во мај минатата година.
„Имам голема трема“, признала таа низ смеа.
Comments are closed for this post.