По речиси 15 години истражувања на „Цареви кули“ над Струмица, излезе од печат публикација за овој локалитет кој нуди сознанија за матријалната и духовната култура на Струмица во различни временски епохи.

Станува збор за публикација во која археологот и автор Зоран Рујак со фотографии од пронајдените артефакти дава приказ на седум милениуми живот на „Цареви кули“. Публикацијата ќе има второ продолжение бидејќи во неа се вметнати само археолошките пронајдоци до римското царство иако „Цареви кули“ сведочи и за поновата историја.

Локалитетот „Цареви кули“ како еден од најпрепознатливите белези на Струмица со пари од ЕУ се планира да биде достапен за туристите со изградба на патеки кои ќе бидат осветлени, а во соработка со струмичкиот Музеј ќе се конзервираат и реконстурираат нови бедеми на оваа тврдина.