Професорот од Оксфорд, д-р. Јанг-хае Чи вели дека вонземјаните веќе се размножуваат на Земјата за да произведат нов хибриден вид, способен да ги реши климатските промени.
Д-р. Чи, кој предава на корејскиот Ориентален институт на Универзитетот Оксфорд верува дека новиот вид ќе може да го спаси човештвото од заканите на глобалното затоплување. Тој смета дека има силна поврзаност меѓу климатските промени и грабнувањата на луѓе од вонземјани, пренесуваат британските медиуми.
Во својата нова книга „Alien Visitations and the End of Humanity“, професорот објаснува како вонземјаните напредуваат во својот биосистем, но ние не можеме тоа да го видиме зашто сме ограничени со функционалноста на нашите органи.
Во книгата тој опишува четири вида вонземјани – мали, високи и храбри со змиски очи и во облик на инсекти. Додава дека суштествата во облик на инсекти се водачи, а другите ги следат нивните инструкции.
Значи, тие не доаѓаат поради нас, туку поради себе и својот опстанок , зашто нивниот опстанок е и наш – тоа е опстанокот на целата биосфера“, вели професорот.
Тој предвидува дека вонземјаните ќе се појават кога ќе биде загрозен опстанокот на човештвото, како на пример во нуклеарна војна.
Повеќе или помалку, може да се претпростави дека хибридниот проект е одговор на претстојната смрт на човечката цивилизација“, вели професорот.
Comments are closed for this post.