Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис направена со помош на т.н. „Фотозамки“.

Балканскиот рис е во категоријата на критично загрозен според еден од критериумите на меѓународната унија за зачувување на природата и како таков е ставен од 2015 година на црвената листа .Со најновите процени, популацијата на рисот во целиот негов потенцијален регион на jугозападен Балкан изнесува околу 40 возрасни единки.

Меѓу фотографиите од убавините во националниот парк „Маврово“ на кои се гледаат преубави животни, вчера беше објавена и снимка од волк. И снимката е направена со фотозамките во рамките на проектот за заштита на рисот.

Видео од Волк направено со помош на фотозамки

Видео од Волк направено со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво #mavrovonationalpark #makedonskoekoloskodrustvo #lynx #balkanlynx #npmavrovo #wolf #Macedonian Ecological Society Macedonian Ecological Society

Gepostet von Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park am Mittwoch, 10. Juli 2019

р