Иако традицијата е млада жена да се омажи за постар маж, неколку познати личности се одлучиле за обратното женејќи се со постари жени.
Кога Ештон Качер имал 27 години, се оженил за Деми Мур која имала 43 години. Имено, разведени се од 2013, а за Ештон ова беше прв брак додека за Деми, трет.
Хју Џекмен се ожени со Дебора-Ли Фурнес кога имал само 28 години, а таа 41. И ден-денес се во брак, а заедно имаат посвоено две деца.
Мараја Кери и Ник Кенон се венчаа во 2008 година кога таа имаше 40, а тој 28 години. Заедно ги добија близнаците Монро и Морокана, но веќе во 2016 се разведоа.
Режисерот Гај Ричи ја ожени Мадона на крајот од 2000, кога имаше 32 години, а таа 42. Парот месеци пред венчавката го добија синот Рок, а потоа посвоија уште еден син Давид во 2008 година кога и се разведоа. За Мадона ова беше втор брак, по оној со Шон Пен. Гај по разводот се ожени и доби уште три деца.
Шакира од Жерар Пике е постара точно 10 години, а таа и нејзиниот сопруг слават роденден во ист ден 2 февруари. Претставуваат уште еден добар пример дека врската со повозрасна жена може да опстане, а парот веќе има две деца.
Дека ова не е тренд само во Холивуд, како можеби најпознат пример на просторите од поранешната СФРЈ дефинитивно е Северина која се омажи за поранешниот српски фудбалер Игор Којиќ, кој од неа е помлад 16 години.
И за крај, веројатно најдрастичен пример за разлика во годините се Емануел 41 и Брижит Макрон 60 години.
Comments are closed for this post.