Во Лондон неодамна се одржа Меѓународен натпревар во миење прозорци. Бизарното натпреварување собра различни перачи кои се бореа за награда од 1.000 британски фунти.
Натпреварувачите на располагање имаа девет литри вода и бришач од 30 центиметри и задача да исчистат три канцелариски прозорци, со пенал за оние кои ќе остават флеки.
Победник на крајот е американецот Џереми Хикеј со најбрзо измиен прозорец за што му биле потребни 17 секунди. Иако тој победил, Хикеј не успеа да постави нов Гинисов рекорд.
Претходниот првак бил домаќинот, Британец, Тери Турбо Буроус кој го држи актуелниот светски рекорд од 9,14 секунди.
Comments are closed for this post.