Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ утре ќе одржи концерт на градскиот стадионот со почеток од 20 часот.
Како што информираат од МВР, поради овој музички настан ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот.
Истиот ќе се состои од периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот Илинден, улицата Аминта Трети и улицата Наум Наумовски Борче.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Comments are closed for this post.