43 – годишниот Марсело да Силва заглави со велосипедот во надојдените води во поплавите што го погодија местото Сао Бернадо до Кампо , во близина на Сао Паоло.

На снимката се гледа како тој се обидува да го извлече велосипедот , иако се слушаат гласови кои викаат по него да се спаси.

Бразилецот се обидува да стане , а потоа надоаѓа силна водена струја што го влече Марсело низ главната улица , се додека во еден момент не исчезна.