Во среда напладне, пред спомен-домот во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на великанот на нашата книжевност Блаже Конески. Манифестацијата е сегмент од програмата „2021- Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето” што се реализира под покровителство на претседателот на Македонија и со поддршка на Владата.
На средбата ќе настапат: Глигор Стојковски, Веле Смилевски, Христо Петрески, Пајо Авировиќ, Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Снежана Стојчевска, Мишел Павловски, Мерсиха Исмајлоска и Соња Стојменска-Елзесер. Настанот ќе биде збогатен со музички настап на групата „Канарина и гитара” (Петар Ренџов и Ивана Стојановска).
Comments are closed for this post.