Еден од најпознатите угостители во Македонија, Мирко Голомеиќ почина денеска по кратко боледување од срцеви компликации. Голомеиќ пред само неколку дена наполни 59 години.
Мирко е познат во јавноста како основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919″, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360″.
Бизнисот го започнал во 1993 година, кога заедно со семејството го отворија ресторанот „Мирко 919″, кој сега е познат по името „Рагуза919″.
Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.
Comments are closed for this post.