Вчера во Неготино на 71-годишна возраст почина Дионис Пашлаков, пасионираниот колекционер на стари автомобили и пензиониран професор по биологија.
Веста за неговата смрт ја објавија негови роднини на социјалните мрежи, а неготинчани со неверување се простуваат со човекот кој цел живот го следеше својот сон, и пред неколку години отвори Музеј за олдтајмери, пренесува Фокус.
Пашлаков беше главен протагонист во документарецот ,,Со љубов” кој го режираше неговиот поранешен ученик Илија Цветковски, по сценарио на наградуваниот документарист Атанас Георгиев. Документарецот пред три години го отвори фестивалот МакеДокс во скопски Куршумли ан и веднаш ги освои симпатиите од пошироката јавност.
Во документарецот е овековечена неверојатната страст кон старите автомобили на Дионис, неговата потрага по стари коли, и животната желба да отвори во Неготино музеј кој ќе стане светска атракција.
Comments are closed for this post.